Управување со батеријата и енергијата
Уредот има вградена батерија. Потрошувачката на батеријата зависи од користените функции. За
да направите батеријата да трае подолго, обидете се со следново:
•
Следете ја потрошувачката на батеријата.
•
Следете ги советите за општа употреба за да ги подобрите перформансите на батеријата.
•
Користете режим за штедење енергија.
Вашиот уред е опремен со два STAMINA-режими и функции за штедење енергија на Android за да
му помогнат на уредот да ја намали потрошувачката на батеријата. Функциите за штедење
енергија на Android работат во заднината, а STAMINA-режимот или Ultra STAMINA-режимот може
да ги активирате или деактивирате самите.
Функциите за штедење енергија ги ограничуваат заднинските податоци за да се заштеди енергија,
па ако не сакате ова да влијае врз одредена апликација, може да направите исклучок во менито
Оптимизација на батеријата.
Ажурирањата на системот може да ги променат режимите за штедење енергија достапни
на вашиот уред.
Преглед на потрошувачката на батеријата, преостанатото време и совети за
штедење на енергија
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Батерија. Се прикажува преглед со процентот на
батеријата и преостанатото време на батеријата.
3
Допрете ПОКАЖИ ГО КОРИСТ. НА БАТЕР. за да видите листа на функции и услуги
што трошеле енергија од батеријата од последниот циклус на полнење. Допрете на
одреден објект за да добиете информации како да ја намалите потрошувачката на
батеријата.
Од Поставки > Батерија може да конфигурирате, активирате и деактивирате режими за
штедење енергија.
Преглед на потрошувачката на батеријата за апликациите
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Апликации.
3
Одберете апликација и прегледајте ја потрошувачката на батеријата под Користење на
батеријата.
Совети за општа употреба за подобрување на перформансите на батеријата
Следниве совети можат да ви помогнат да ги подобрите перформансите на батеријата:
36
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
•
Намалете го нивото на светлина на екранот. Видете во Поставки на екранот на
страницата 58.
•
Исклучете ги Bluetooth®, Wi-Fi и услугите за локација кога не ви се потребни.
•
Исклучете го уредот или користете авионски режим доколку сте во област со слаба или без
мрежна покриеност. Во спротивно, вашиот уред постојано ќе бара достапни мрежи, а тоа
троши енергија.
•
Користете Wi-Fi мрежа наместо роаминг кога сте во странство. Роамингот ја бара вашата
домашна мрежа, што ја троши батеријата дополнително бидејќи уредот мора да пренесува
со зголемена излезна енергија. Видете во Wi-Fi на страницата 47.
•
Променете ги поставките за синхронизација на е-поштата, календарот и контактите. Видете
во Синхронизирање со електронските сметки на страницата 54.
•
Проверете ги апликациите што ја трошат многу батеријата и размислете за примена на
советите за штедење на батеријата дадени во уредот за овие апликации.
•
Променете го нивото на известување за апликацијата. Видете во Известувања на
страницата 29.
•
Исклучете ја дозволата за споделување на локацијата за одредена апликација. Видете во
Поставки за апликации на страницата 60.
•
Деинсталирајте ги апликациите што не ги користите. Видете во Екран со апликации на
страницата 25.
•
Користете оригинален handsfree уред на Sony™ за да слушате музика. Handsfree уредите
трошат помалку батерија отколку звучниците на уредот.
•
Рестартирајте го уредот одвреме-навреме.
Оптимизација на батеријата
Оптимизацијата на батеријата е моќен и корисен вграден режим со којшто значително се
продолжува животниот век на батеријата со намалување на потрошувачката на батерија кога не ги
користите уредот или одредени апликации.
Ова се постигнува со прекинување на мрежните активности што ја трошат батеријата, како на
пример услугите за локација, синхронизирањето и Wi-Fi скенирањето во заднина кога не го
користите уредот подолг период.
Ова не влијае врз телефонските повици и SMS-пораките.
Не може да ја исклучите оптимизацијата на батеријата, но може да направите исклучок за
одредени апликации.
За да исклучите одредени апликации од оптимизирањето на батеријата
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Батерија.
3
Допрете и одберете Оптимизација на батерија. Ќе видите листа на апликации
коишто не се оптимизирани.
4
За да додадете или отстраните апликации од оваа листа, допрете Апликации и
одберете или откажете го одбирањето на одредена апликација од листата за да ги уредите
нејзините поставки за оптимизација.
5
Листата на апликации коишто не се оптимизирани ќе биде ажурирана во согласност со
поставките.
Не може да го исклучите оптимизирањето на апликациите од Ultra STAMINA-режимот.
Оптимизација на батерија може да се конфигурира и од менито Апликации со
допирање на .
Режими на штедење енергија
Достапни се неколку режими на штедење енергија доколку сакате батеријата да трае подолго:
STAMINA-
режим
Во зависност од нивото на STAMINA, различни функции ќе бидат ограничени или исклучени за да се
намали потрошувачката на батеријата. Тука спаѓаат: изведбата за прикажување, анимацијата и
светлината на екранот, подобрувањето на сликата, заднинското синхронизирање на податоците од
апликациите, вибрациите (освен за дојдовните повици), стримингот и GPS (додека екранот е исклучен).
се појавува во лентата за статус.
37
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Ultra
STAMINA-
режим
Покрај функциите што ги исклучува STAMINA-режимот, Ultra STAMINA-режимот ги исклучува
мобилните податоци и Wi-Fi. Изборот на апликации е ограничен и елементите (освен часовникот) се
исклучени. Повикувањето и SMS се сѐ уште достапни. Почетниот екран се заменува со посебен
почетен екран на Ultra STAMINA-режимот и дополнителните окна се исклучени.
се појавува во
лентата за статус.
Активирање или деактивирање на STAMINA-режимот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Батерија.
3
Допрете STAMINA-режим и одберете ја претпочитаната опција.
се појавува во лентата за статус кога е активиран вашиот STAMINA-режим.
Може да го приспособите процентот за автоматско вклучување според вашите потреби и
да ги исклучите апликациите од оптимизирањето на STAMINA-режимот.
Активирање на Ultra STAMINA-режимот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Батерија.
3
Допрете Ultra STAMINA-режим, а потоа допрете Активирај.
4
Потврдете за активирање.
Почетниот екран се заменува со почетниот екран на Ultra STAMINA-режимот и се појавува во
лентата за статус кога е активиран вашиот Ultra STAMINA-режим. Не може да го исклучите
оптимизирањето на апликациите од Ultra STAMINA-режимот.
Деактивирање на Ultra STAMINA-режимот
1
Повлечете ја лентата за статус надолу за да пристапите до паното со известувања.
2
Допрете Деактивирање на Ultra STAMINA-режимот.
3
Допрете OK.
Ако го деактивирате Ultra STAMINA-режимот, уредот ќе се рестартира.