Sony Xperia M5 - Зошто ми треба сметка на Google™‎?

background image

Зошто ми треба сметка на Google™?

Вашиот уред Xperia™ од Sony работи на платформата Android™ развиена од Google™. При
купувањето на уредот, достапни ви се одредени апликации и услуги на Google™, како на пример,
Gmail™, Google Maps™, YouTube™ и апликацијата Play Store™, која ви дава пристап до
електронската продавница на Google Play™ за преземање апликации на Android™. За најдобро да
ги искористите овие услуги, ви треба сметка на Google™. Сметката на Google™ ќе ви овозможи да
ги правите следниве работи:

Да преземате и инсталирате апликации од Google Play™.

Да ги синхронизирате е-поштата, контактите и календарот со помош на Gmail™.

Да разговарате со пријателите користејќи ја апликацијата Hangouts™.

Да ја синхронизирате вашата историја на пребарување и обележувачите со користење на веб-
пребарувачот Google Chrome™.

Да се идентификувате како овластен корисник по поправка на софтверот со помош на Xperia™
Companion.

Далечински да го пронајдете, заклучите или избришете изгубениот или украдениот уред со помош
на услугите my Xperia™ или Android™ Device Manager.
За повеќе информации за Android™ и Google™, појдете на http://support.google.com.

Од клучно значење е да го запаметите корисничкото име и лозинката од сметката на
Google™. Во некои ситуации, можеби ќе треба да се идентификувате со користење на
сметката на Google™ од безбедносни причини. Ако не ги дадете корисничкото име и

10

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

лозинката за Google™ во такви ситуации, вашиот уред се заклучува. Исто така, ако имате
повеќе сметки на Google™, погрижете се да ги внесете деталите за релевантната сметка.

Поставување сметка на Google™ во уредот

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Синхронизирање на сметката > Додај
сметка
> Google.

3

Следете го волшебникот за регистрација за да креирате сметка на Google™ или пријавете
се доколку веќе имате сметка.

Може да креирате сметка на Google со помош на водичот за поставување при првото
вклучување на уредот или подоцна појдете на интернет и креирајте сметка на
www.google.com/accounts.

Отстранување сметка на Google™

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Допрете Поставки > Синхронизирање на сметката > Google.

3

Одберете ја сметката на Google™ што сакате да ја отстраните.

4

Допрете > Отстрани сметка.

5

Допрете повторно Отстрани сметка за да потврдите.

Ако ја отстраните вашата сметка на Google™, сите безбедносни функции што се поврзани
со неа нема повеќе да бидат достапни.

Ако сте го дале вашиот уред некому на користење подолг период, се препорачува да ја
отстраните вашата сметка на Google™ од уредот.

11

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.