Составување
Уредот поддржува само нано SIM-картички. Користете само фабрички, оригинални нано
SIM-картички коишто се специјално направени да одговараат на отворот за нано SIM-
картичка во уредот.
8
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Вметнување нано SIM-картичка
Вашиот уред поддржува само нано SIM-картички. Погрижете се да користите држач за
нано SIM-картичка и не мешајте го отворот за нано SIM-картичка со отворот за мемориска
картичка.
1
Вметнете го нокотот во процепот меѓу горниот дел на капакот на отворот за нано SIM-
картичка и уредот, а потоа отворете го капакот.
2
Со помош на врвот на исправена спојувалка (или друг предмет со долг, фин врв),
притиснете го копчето веднаш до отворот за нано SIM-картичка (како што е илустрирано)
за да се појави надвор држачот на нано SIM-картичката.
3
Извлечете го целосно надвор држачот на нано SIM-картичката.
4
Поставете ја нано SIM-картичката во држачот, а потоа вратете го назад држачот.
5
Затворете го капакот.
Доколку вметнете нано SIM-картичка додека уредот е вклучен, тој автоматски ќе се
рестартира.
Вметнување мемориска картичка
1
Вметнете го нокотот во процепот меѓу горниот дел на капакот на отворот за мемориска
картичка и уредот, а потоа отворете го капакот.
2
Со помош на врвот на исправена спојувалка (или друг предмет со долг, фин врв),
притиснете го копчето веднаш до отворот за мемориска картичка (како што е илустрирано)
за да се појави надвор држачот на мемориската картичка.
3
Извлечете го целосно надвор држачот на мемориската картичка.
4
Поставете ја мемориската картичка во држачот, а потоа вратете го назад држачот.
5
Затворете го капакот.
Проверете дали сте ја вметнале назад мемориската картичка во правилна ориентација.
Отстранување на нано SIM-картичката
1
Отворете го капакот на отворите за нано SIM-картичка и мемориска картичка.
2
Користејќи го нокотот, извлечете го држачот на нано SIM-картичката.
3
Отстранете ја нано SIM-картичката, потоа повторно вметнете го држачот.
4
Затворете го капакот.
Отстранување на мемориската картичка
1
Или исклучете го уредот, или отстранете ја мемориската картичка под Поставки >
Склад и меморија > покрај SD-картичка.
2
Отворете го капакот за отворот на нано SIM/мемориската картичка со екранот свртен
нагоре.
3
Користејќи го нокотот, извлечете го држачот на мемориската картичка.
4
Отстранете ја мемориската картичка, а потоа турнете го држачот кон отворот додека не се
намести.