Sony Xperia M5 - Поставки за интернет и MMS

background image

Поставки за интернет и MMS

За испраќање мултимедијални пораки или за пристап до интернет кога нема достапна Wi-Fi
мрежа, мора да имате активна конекција со мобилни податоци со точни поставки за интернет и
MMS (Multimedia Messaging Service). Еве неколку совети:

За повеќето мобилни мрежи и оператори, поставките за интернет и MMS се претходно
инсталирани на уредот. Тогаш може веднаш да започнете со користење интернет и да испраќате
мултимедијални пораки.

Поставките за интернет и MMS може и подоцна да ги преземете од менито Поставки.

Може во секое време рачно да додавате, менувате или да ги бришете поставките за интернет и
MMS во уредот. Ако промените или избришете поставка за интернет или MMS по грешка, повторно
преземете ги поставките за интернет и MMS.

Доколку не може да пристапите до интернет преку мобилната мрежа или не функционираат
мултимедијалните пораки иако поставките за интернет и MMS се успешно преземени во уредот,
погледнете ги советите за решавање проблеми со уредот на www.sonymobile.com/support/ за
проблеми со мрежната покриеност, мобилните податоци и MMS.

Доколку е активиран STAMINA-режимот за да се заштеди енергија, целиот сообраќај на
мобилни податоци се паузира штом ќе се исклучи екранот. Доколку ова предизвикува
проблеми со конекцијата, исклучете го паузирањето на некои од апликациите и услугите
или привремено деактивирајте го STAMINA-режимот. Прочитајте повеќе информации во
Управување со батеријата и енергијата на страницата 36.

Доколку го споделувате уредот со повеќе корисници, само сопственикот, односно
примарниот корисник може да презема поставки за интернет и пораки од менито
Поставки, но преземените поставки важат за сите корисници.

Преземање поставки за интернет и MMS

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Поставки за интернет.

3

Допрете Прифати. Штом поставките ќе се преземат успешно, се појавува во лентата
за статус и сообраќајот на мобилни податоци е автоматски вклучен.

Доколку поставките не може да се преземат на уредот, проверете ја јачината на сигналот
од мобилната мрежа. Преместете се на отворена локација без пречки или приближете се
до прозорецот и обидете се повторно.

46

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Рачно додавање поставки за интернет и MMS

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.

3

Допрете Имиња на пристапна точка > .

4

Допрете Име и внесете име по желба.

5

Допрете APN и внесете го името на пристапната точка.

6

Внесете ги сите други информации како што се бара. Доколку не знаете кои информации
се бараат, контактирајте со мрежниот оператор за повеќе детали.

7

Кога ќе завршите, допрете , потоа допрете Зачувај.

Прегледување на преземените поставки за интернет и ММЅ

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.

3

Допрете Имиња на пристапна точка.

4

За да видите повеќе детали, допрете на кој било од достапните објекти.