Поставки на видео камерата
За да ги приспособите поставките за видеокамера
1
Активирајте ја камерата.
2
Лизнете со прст на
.
3
За да се прикажат поставките, допрете .
4
Изберете ја поставката што сакате да ја приспособите, па направете ги промените.
Преглед на поставките за видеокамерата
Видео резолуција
Прилагодете ја видео резолуцијата за различни формати.
109
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Целосно ХД (30 fps)
1920×1080(16:9)
Full HD (целосна висока резолуција) формат со 30 fps и однос 16:9.
Целосно ХД (60 fps)
1920×1080(16:9)
Full HD (целосна висока резолуција) формат со 60 fps и однос 16:9.
HD
1280×720(16:9)
Формат HD (висока резолуција) со размер 16:9.
VGA
640×480(4:3)
Формат VGA со размер 4:3.
MMS
Снимајте видеа прикладни за испраќање во мултимедијални пораки. Времето на снимање во овој видео формат е
ограничено за да ги собере видео датотеките во мултимедијалната порака.
Следење објекти
Кога ќе изберете некој објект, така што ќе го допрете во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го
следи за вас.
Smile Shutter™(видео)
Користете ја функцијата Smile Shutter™ за да одредите на каков вид насмевка реагира камерата
пред да снимате видео.
HDR видео
Користете ја поставката видео HDR (High-Dynamic Range) за снимање видео при силно заднинско
светло или во услови на остар контраст. Видео HDR компензира за загубата на детали и
произведува слика којашто добро ги претставува и темните и светлите подрачја.
SteadyShot™
Кога снимате видео, може да биде тешко да го држите уредот мирно. Стабилизаторот помага
преку компензирање за малите движења на раката.
Вклучено
Активирајте го за да компензира за потресувањето на камерата.
Исклучено
Стабилизаторот е исклучен.
Автоматско прикажување на фотографиите
Може да изберете да ги прикажувате видеата веднаш по снимањето.
Вклучено
Приказот на видеото се појавува по снимањето.
Само предната камера
Видеото се отвора за уредување по снимањето.
Исклучено
Видеото се зачувува по снимањето и не се појавува приказ.
Блиц
Користете го блицот за да снимате видео клипови при лошо осветлување или кога има заднинско
осветлување. Иконата на видео-блицот е достапна само на екранот на видео камерата. Имајте
предвид дека понекогаш квалитетот на видео клипот може да биде подобар без светло, дури и во
услови на слабо осветлување.
Вклучено
110
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Исклучено
Избирање на сцена
Функцијата за одбирање сцени ви помага брзо да ја поставите камерата за вообичаени ситуации
користејќи претходно програмирани видео сцени. Секоја поставка за сцена е направена да даде
најдобар можен квалитет во специфична околина за снимање.
Исклучено
Функцијата за избирање на сцени е исклучена и може рачно да снимате видеа.
Фотографирање предмети
Користете ја за снимање видеа наспроти меки заднини.
Пејзаж
Користете за видеа на пејзажи. Камерата се фокусира на далечни објекти.
Ноќна сцена
Кога е вклучена, чувствителноста на светло е зголемена. Користете ја во слабо осветлени околини. Видеата на
предметите што се движат брзо може да станат замаглени. Држете ја мирно својата рака или користете
поддршка. Исклучете го ноќниот режим кога светлосните услови се добри, за да го подобрите квалитетот на
видеото.
Плажа
Користете ја за видеа од сцени покрај море или езеро.
Снег
Користете го во светли средини за да избегнете премногу осветлени видеа.
Спортови
Користете за видеа на предмети што брзо се движат. Краткото време на експозиција го минимизира
замаглувањето предизвикано од движење.
Забава
Користете за видеа во затворен простор со слабо осветлување. Оваа сцена користи осветлување од заднината
на затворен простор или од свеќа. Видеата на предметите што се движат брзо може да станат замаглени.
Држете ја мирно својата рака или користете поддршка.
111
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.