Sony Xperia M5 - Поставки на фотоапаратот

background image

Поставки на фотоапаратот

За да ги приспособите поставките за камерата

1

Активирајте ја камерата.

2

За да се прикажат сите поставки, допрете .

3

Изберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, потоа уредете ја по желба.

106

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Преглед на поставките за фотоапаратот

Резолуција

Пред да фотографирате, може да одберете од неколку резолуции и размери на фотографии.
Фотографијата со повисока резолуција бара повеќе меморија.

21MP
5312×3984(4:3)
Резолуција од 21 мегапиксел со размер 4:3. Соодветна е за фотографии што сакате да ги прикажувате на екрани без
широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

16MP
5344×3008(16:9)
Резолуција од 16 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна е за фотографии што сакате да ги прикажувате на широк екран.

8MP
3264×2448(4:3)
Резолуција од 8 мегапиксели со размер 4:3. Соодветна е за фотографии што сакате да ги прикажувате на екрани без
широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

3MP
2048×1536(4:3)
Резолуција од 3 мегапиксели со размер 4:3. Соодветна е за фотографии што сакате да ги прикажувате на екрани без
широк приказ или да ги печатите во висока резолуција.

2MP
1920×1088(16:9)
Резолуција од 2 мегапиксели со размер 16:9. Соодветна е за фотографии што сакате да ги прикажувате на широк екран.

ВГА
640×480(4:3)
Формат VGA со размер 4:3.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Автотајмер

Со автотајмерот може да фотографирате без да го држите уредот. Користете ја оваа функција за
да правите авто-портрети или групни фотографии каде сите може да бидат на фотографијата.
Може исто така да го користите автотајмерот ако сакате да избегнете тресење на камерата додека
фотографирате.

10 сек.
Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го притиснете копчето за блендата, па до моментот на
фотографирање.

2 сек.
Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го притиснете копчето за блендата, па до моментот на
фотографирање.

0,5 сек.
Поставете одложување од половина секунда од моментот кога ќе го притиснете копчето за блендата, па до моментот на
фотографирање.

Исклучено
Фотографијата се прави кога ќе го притиснете копчето за блендата.

Следење објекти

Кога ќе изберете некој објект, така што ќе го допрете во пронаоѓачот на изглед, камерата ќе го
следи за вас.

HDR

Користете ја поставката HDR (високодинамичен опсег) за фотографирање при силно светло во
заднина или во услови на остар контраст. HDR компензира за загубата на деталите и произведува
слика којашто добро ги претставува и темните и светлите области.

Оваа поставка е достапна само во поставките за баланс на бела боја/вредност на
експозиција/HDR во режимот на снимање Рачно.

107

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

ISO

Може да ја поставите ISO-чувствителноста да се прилагодува автоматски или може да ја
прилагодите рачно на поставки од 100 до 3200.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Премерување

Оваа функција автоматски одредува добро балансирана експозиција преку мерење на количината
на светлина што паѓа на предметот што сакате да го снимите.

Центар
Ја одредува експозицијата во зависност од светлината во центарот на предметот.

Точка
Ја прилагодува експозицијата на мал дел од предметот што сакате да го снимите.

Просечно
Ја пресметува експозицијата според количината на светлина што паѓа на целиот предмет.

Оваа поставка е достапна само во режимот на снимање Рачно.

Автоматско прикажување на фотографиите

Може да изберете фотографиите да се прикажуваат веднаш по снимањето.

Вклучено
Откако ќе ја снимите фотографијата, во долниот десен агол на екранот ќе се појави нејзиниот приказ во траење од 3
секунди.

Само предната камера
Откако ќе снимите фотографија со предната камера, во долниот десен агол на екранот ќе се појави нејзиниот приказ во
траење од 3 секунди.

Исклучено
Фотографијата или видеото се зачувува по снимањето и не се појавува приказ.

Блиц

Користете блиц за да фотографирате кога осветлувањето е слабо или кога има светло во
заднината. Следниве опции се достапни кога ќе допрете на иконата за блиц на екранот на
камерата:

Автоматски
Камерата автоматски одредува дали осветлувањето бара користење на блицот.

Вклучен блиц
Користете ја оваа поставка кога заднината е посветла од предметот. Оваа поставка ги отстранува несаканите
темни сенки.

Нам. на ефек. црвени очи
Ја намалува црвената боја на очите при фотографирање.

Исклучено
Блицот е исклучен. Понекогаш квалитетот на фотографијата може да биде подобар без блиц, дури и ако
осветлувањето е слабо. Правењето добра фотографија без да се користи блицот бара мирна рака. Користете
автотајмер за да избегнете замаглени фотографии.

Светилка
Блицот свети постојано додека фотографирате.

Одбирање сцена

Користете ја функцијата за одбирање сцена за брзо поставување на камерата за вообичаените
ситуации, користејќи претходно програмирани сцени. Камерата нуди одредени поставки за
приспособување на одбраната сцена, што обезбедува најдобра можна фотографија.

Исклучено
Функцијата за одбирање сцена е исклучена и може рачно да фотографирате.

108

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Фотографирање луѓе
Фотографирајте портрети со помош на ефектот за подобрена убавина.

Фотографирање предмети
Користете ја за снимање фотографии наспроти мека позадина.

Намал. замаглув. при движ.
Користете ја за намалување на тресењето на камерата при снимање малку темни сцени.

Пејзаж
Користете ја за фотографии на пејзажи. Камерата се фокусира на далечни објекти.

HDR-поправање светло во задн.
Користете ја за подобрување на деталите кај сликите со висок контраст. Вграденото поправање на светлото во
заднина ја анализира сликата и автоматски ја прилагодува за да се постигне совршено осветлена слика.

Ноќен портрет
Користете ја за ноќни портрети или портрети во слабо осветлени средини. Поради долгото време на експозиција,
камерата мора да се држи мирно или да се постави на стабилна површина.

Ноќна сцена
Користете ја при ноќно фотографирање или во слабо осветлени средини. Поради долгото време на експозиција,
камерата мора да се држи мирно или да се постави на стабилна површина.

Ноќно снимање со рака
Користете ја за рачно фотографирање при слабо светло со намалени пречки и замаглување.

Висока чувствителност
Користете ја за фотографирање без блиц во услови со слабо светло. Го намалува замаглувањето.

Храна
Користете ја за снимање храна во светли бои.

Милениче
Користете ја за фотографирање на вашето милениче. Го намалува замаглувањето и црвените очи.

Плажа
Користете ја за фотографирање сцени покрај море или езеро.

Снег
Користете ја во светли средини за да избегнете премногу осветлени фотографии.

Забава
Користете ја за фотографии во затворен простор со слабо осветлување. Оваа сцена го користи заднинското
осветлување од затворениот простор или од свеќите. Поради долгото време на експозиција, камерата мора да
се држи мирно или да се постави на стабилна површина.

Спортови
Користете ја за фотографии на предмети што се движат брзо. Краткото време на експозиција го минимизира
замаглувањето при движење.

Документ
Користете ја за фотографии на текст или цртежи. Фотографијата добива поостар контраст.

Огномет
Користете ја за фотографирање раскошни огномети.

Овие поставки се достапни само во режимот на снимање Рачно.