Sony Xperia M5 - Подобрување на излезниот звук

background image

Подобрување на излезниот звук

Звукот од вашиот уред можете рачно да го засилите со овозможување на одделните поставки на
звукот, како што се еквилајзер и опкружувачки звук. Можете и да го вклучите Динамичкиот
нормализатор за да ги минимизирате на разликите во јачината на звукот.

Автоматско подобрување на излезниот звук

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук и известување > Аудио поставки.

3

Допрете го лизгачот за да ја вклучите функцијата ClearAudio+.

Рачно прилагодување на поставките за звукот

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук и известување > Аудио поставки.

3

Исклучете ги функциите ClearAudio+ и DSEE HX ако се вклучени со допирање на
лизгачите.

4

Допрете Звучни ефекти > Еквилајзер.

5

Одберете поставен аранжман од паѓачката листа или прилагодете ги поставките за звукот
рачно со влечење на лизгачите нагоре или надолу.

Рачното прилагодување на поставките на излезниот звук не влијае врз апликациите за
гласовна комуникација. На пример, нема промена во квалитетот на звукот на гласовниот
повик.

Минимизирање на разликите во јачината на звукот со помош на динамичното
балансирање

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук и известување > Аудио поставки.

3

Допрете го лизгачот за да ја исклучите функцијата DSEE HX ако е вклучена.

4

Допрете го лизгачот за да ја вклучите функцијата Динамично балансирање.