Sony Xperia M5 - Режим Не вознемирувај

background image

Режим Не вознемирувај

Може рачно да го поставите уредот во режимот Не вознемирувај и да одлучите колку време ќе се
задржи во него. Може и автоматски претходно да го поставите уредот да биде во режимот Не
вознемирувај.

Активирање на режимот Не вознемирувај

1

Повлечете ја лентата за статус надолу за да пристапите до паното со брзи поставки.

2

Пронајдете и допрете .

3

Одберете опција, потоа допрете Готово.

Брзо менување помеѓу режимите Не вознемирувај/вибрирање/звук

1

Притискајте го копчето за јачина на звукот нагоре или надолу додека не се појави ,
или .

2

Допрете

или за брзо менување помеѓу режимите вибрирање/звук. За да го

активирате режимот Не вознемирувај, притиснете го копчето за јачина на звукот надолу
кога е вклучен режимот за вибрирање.

Закажување временски интервали за режимот Не вознемирувај

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук и известување > Не вознемирувај >
Автоматски правила.

3

Одберете го времето или настанот за којшто сакате да го закажете режимот Не
вознемирувај или додајте ново правило.

4

Внесете го саканото име за правилото, па допрете OK.

5

Пронајдете и допрете Денови и обележете ги полињата за избирање за соодветните
денови, а потоа допрете Готово.

6

За да го прилагодите почетното време, допрете Време на започнување и одберете
вредност, потоа допрете OK.

7

За да го прилагодите завршното време, допрете Време на завршување и одберете
вредност, потоа допрете OK. Уредот ќе остане во режимот Не вознемирувај за време на
одбраниот временски интервал.

57

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Поставување исклучоци за режимот Не вознемирувај

Може да одберете кои типови известувања може да се огласуваат во режимот Не вознемирувај и
може да ги филтрирате исклучоците врз основа на испраќачот. Најчести типови исклучоци се:

Настани и потсетници

Повици

Пораки

Аларми

Дозволување исклучоци во режимот Не вознемирувај

1

Од почетниот екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук и известување > Не вознемирувај >
Дозвол. само во Приоритет.

3

Допрете го лизгачот за саканата опција.

Поврзување исклучоците со одредени типови контакти

1

Од почетниот екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук и известување > Не вознемирувај >
Дозвол. само во Приоритет.

3

Допрете Повици или Пораки.

4

Одберете опција.