Sony Xperia M5 - Користење услуги за локација

background image

Користење услуги за локација

Услугите за локација им овозможуваат на апликациите, како Мапи и камера, да користат
информации од мобилните и Wi-Fi мрежите, како и информации од Global Positioning System (GPS)
за одредување на вашата приближна локација. Доколку GPS сателитите немаат јасна прегледност
на вашата локација, уредот може да ја одреди со помош на функцијата за Wi-Fi. А доколку не сте
во опсег на Wi-Fi мрежа, уредот може да ја одреди локацијата со помош на мобилната мрежа.
За да го користите вашиот уред за да откриете каде се наоѓате, треба да ги вклучите услугите за
локација.

Може да направите трошоци за конекцијата со податоци кога се поврзувате на интернет
од уредот.

Вклучување или исклучување услуги за локација

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Локација, потоа допрете го лизгачот за да ги
вклучите или исклучите услугите за локација.

Подобрување на точноста на GPS

При првото користење на функцијата GPS на вашиот уред, може да се потребни неколку минути
за да се најде вашата локација. За да помогнете во пребарувањето, проверете дали имате чист
поглед кон небото. Застанете мирно и не покривајте ја GPS антената (нагласената област на
сликата). GPS сигналите може да поминат низ облаци и пластика, но не и низ повеќето цврсти
објекти, како што се згради и планини. Ако вашата локација не се најде по неколку минути,
преместете се на друга локација.