Sony Xperia M5 - Синхронизирање со електронските сметки

background image

Синхронизирање со електронските сметки

Синхронизирајте го својот уред со контактите, е-поштата, настаните од календарот и другите
информации од електронските сметки, како што се сметките за е-пошта на Gmail™ и Exchange
ActiveSync, Facebook™ и Flickr™. Може да ги синхронизирате податоците автоматски за таквите
сметки со активирање на функцијата за автоматско синхронизирање. Или може секоја сметка да ја
синхронизирате рачно.

Поставување електронска сметка за синхронизација

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Допрете Поставки > Синхронизирање на сметката > Додај сметка, потоа
одберете ја сметката што сакате да ја додадете.

3

Следете ги инструкциите за создавање сметка или пријавете се доколку веќе имате сметка.

Рачно синхронизирање со електронска сметка

1

Од својот Почетен екран, допрете > Поставки > Синхронизирање на
сметката
.

2

Допрете го името на сметката со којашто сакате да синхронизирате. Се појавува листа со
ставки коишто може да се синхронизираат со сметката.

3

Допрете го прекинувачот за вклучување/исклучување до објектот што сакате да го
синхронизирате.

Отстранување електронска сметка

1

Од својот Почетен екран, допрете > Поставки > Синхронизирање на
сметката
.

2

Допрете го името на сметката што сакате да ја отстраните.

3

Допрете , потоа допрете Отстрани сметка.

4

Допрете повторно Отстрани сметка за да потврдите.