Елементи
Елементите се мали апликации што може да ги користите директно од почетниот екран. Тие
функционираат и како кратенки. На пример, елементот за време ви овозможува да ги видите
основните временски информации директно од почетниот екран. Но кога ќе допрете на елементот,
се отвора целосната апликација за време. Дополнителни елементи може да преземете од Play
Store™.
За да додадете елемент на почетниот екран
1
Држете го допрено празното место на вашиот Почетен екран додека уредот не завибрира,
па потоа допрете го Елементи.
2
Најдете го и допрете го елементот што сакате да го додадете.
Менување големина на елемент
1
Држете го елементот допрен додека да стане одбран, па пуштете го. Ако на елементот
може да му се промени големината, на пример, елементот на Календар, се појавува
означена рамка и точки за менување големина.
2
Влечете ги точките навнатре или кон надвор за да го соберете или раширите елементот.
3
За да ја потврдите новата големина на елементот, допрете каде било на Почетен екран.
Преместување елемент
•
Допрете го и задржете го елементот додека не се одбере, а потоа повлечете го до новата
локација.
Отстранување графички контроли
•
Допрете ги и задржете ги графичките контроли додека уредот не почне да вибрира, па
повлечете ги кон Отстрани од почетен екран.