Прикажување фотографии и видеа
Користете ја апликацијата Албум за приказ на фотографии и репродуцирање видеа направени со
камерата или за приказ на слична содржина што сте ја зачувале во уредот. Сите фотографии и
видеа се прикажани во хронолошки наредена решетка.
1
Допрете ја иконата за да се отвори менито на почетниот екран на албумот
2
Прикажете слајд шоу од сите ваши слики или само од сликите што сте ги додале во омилени
3
Влечете го левиот раб на екранот надесно за да го отворите менито на почетниот екран на албумот
4
Опсегот на датумот на ставките во тековната група
5
Допрете на фотографијата или видеото за да ги отворите во приказ на цел екран
6
Лизгајте нагоре или надолу за приказ на содржината
Прегледување фотографии и видеа
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Албум.
3
Допрете на фотографијата или видеото за прегледување. Доколку се побара, допрете .
4
Потчукнете налево за прегледување на следната фотографија или видео. Потчукнете
надесно за прегледување на претходната фотографија или видео.
За да го поставите екранот да се ротира автоматски кога ќе го свртите настрана, допрете
Автом. ротирање на екранот под Поставки > Екран > Ротација на екранот.
Промена на големината на малите слики
•
Кога прегледувате мали слики од фотографиите и видеата во албумот, раширете два
прста за зумирање или спојте ги за одзумирање.
Зумирање фотографии
•
Кога прегледувате фотографија, раширете со два прста за да ја зумирате или спојте ги за да ја
одзумирате.
Да гледате слајдшоу на вашите фотографии
1
Кога гледате фотографија, допрете го екранот за да ги прикажете алатниците, па допрете
> Слајд шоу за да почнете со репродукција на сите фотографии во албумот.
2
Потчукнете фотографија за слајдшоуто да заврши.
112
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Репродуцирање видео
1
Во албумот, пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се репродуцира.
2
Допрете .
3
Ако не се прикажани контролите за репродукција, допрете го екранот за да ги прикажете.
За да го скриете контролите, повторно допрете го екранот.
За да паузирате видео
1
Кога се репродуцира видео, допрете го екранот за да се прикажат контролите.
2
Допрете го .
Премотување напред и премотување назад на видеото
1
При репродуцирање видео, допрете на екранот за да се прикажат контролите.
2
Влечете го обележувачот на лентата за напредок налево за премотување наназад или
надесно за премотување напред.
Прилагодување на јачината на звукот на видео
•
Притиснете го копчето за јачина на звук.